Косовското собрание денеска гласаше „за“ договорот за демаркација со Црна Гора. Осумдесет пратеници гласаа за таа одлука, а 11 беа против, објави РТК.



Американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави, им честиташе на пратениците за донесувањето на оваа одлука.

Премиерот Рамуш Харадинај на Твитер напиша дека сега очекува ЕУ да го направи она што го вети и да го укине визниот режим за косовските граѓани.