Унгарската „4iG“ е закана за Македонија, соработува со „Huawei“, се огласи Бектеши

Екс министерот за економија, Крешник Бектеши реагираше по информациите од Владата дека унгарската компанија „4iG Групацијата“ е заинтересирана за влез на пазарот на мобилни оператори во Македонија. Бектеши истакнува дека оваа компанија претставува ризик за критичната инфраструктура на земјата, бидејќи има врски со кинеската компанија „Huawei“.



  • Унгарската компанија 4iG, која нелегитимната Влада ја промовира како нов мобилен оператор, има договор за соработка со кинеската компанија Huawei за нов облак во собирањето податоци. Ова е спротивно на интересите на нашите стратешки партнери, како и за критичната инфраструктура во земјата!“, напиша Бектеши.

Во писмото со намери за кое Владата информираше дека пристигнало заввчера се наведува дека „4iG Групацијата“ е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ-систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот вселенска и одбранбена индустрија.

Се наведува и дека „4iG Групацијата” изразила интерес за анализа на условите за влез на телекомуникацискиот пазар во Македонија и нудење услуги во мобилната и фиксната телефонија. Ваквата иницијатива, се додава, е усогласена со стратегијата на „4iG Групацијата” за проширување на своето присуство во земјите од Западен Балкан.

За интересот на унгарскиот оператор за влез на телекомуникацискиот пазар во земјава веќе информираа од Министерството за транспорт по минатонеделната официјална посета на Николоски на Будимпешта, во рамките на која се сретна со претседателот на „4iG Групацијата”, Гелерт Жасзаи.

Наспроти него, Агенцијата за електронски комуникации смета дека со поголема конкуренција на пазарот, ќе пониски цени на услугите, во контекст на најавата за влез на трет мобилен оператор во Македонија. Директорот Јетон Акику во изјава за ТВ Сител кажа дека слободни фрекфенции има бидејќи претходно веќе работеле три компании, а најголема корист од доаѓањето на нов мобилен оператор ќе имале граѓаните.

  • Со трет оператор би имале уште подобри услуги и во тој смисол е добро да има трет и треба да има и најверојатно тоа би значело намалување на цените. Тоа е економска теорија, повеќе конкуренција-помали цени. Имаме празни слотови во сите френкфенциски опсези за тре оператор, пошто имавме трет. Кога се случи спојувањето на двата оператори, дел од фрекфенциите ги одземавме назад за да има можност за трет оператор“ изјави Акику за ТВ Сител.

Акику вели дека досега на адреса на институцијата не стигнало писмо со намери од компанијата. Тој објаснува дека писмото со намери не значи дека заинтересираната компанија ќе биде третиот оператор за мобилни услуги. Прво ќе се распишел тендер на кој ќе можат да се пријават сите компании кои ќе ги исполнат условите.

  • Ако се појават повеќе заинтересирани има јавно наддавање, ако се јави еден се оди на цената одредена како почетна за добивање на дозволата“, вели директорот на АЕК.