Ракометарите на Унгарија ја совладаа Холандија со 36:32 во директниот дуел за првото место во групата Д на 29. Светско првенство на задоволство на македонските навивачи во Вараждин, кои не им заборавија на „лалињата“ за победата над Македонија со помош на данските судии Мадс Хансен и Јеспер Мадсен во претходното коло.
Унгарците, со кои избраниците на селекторот Кирил Лазаров ремизираа 27:27 на стартот, во групата од главната фаза ќе пренесат три бода, Холанѓаните два од дуелот со „црвено-жолтите“, а Македонија еден.
Бодовите освоени со дебитантот Гвинеја, кој „црвено-жолтите“ попладнево го победија со 29:20, не се сметаат.






