Умре откако испи отров во судницата на Хашкиот трибунал (ВИДЕО)

Хашкиот осуденик Слободан Праљак умре во болница откако испи отров  во судницата на Меѓународниот трибунал за Југославија, објавија предмалку хрватските медиуми.



Хрватскиот портал „24 часа“ неофицијално открива дека семејството на Праљак им кажало на своите роднини во Херцеговина дека тој починал.

Нивниот новинар, Томислав Краснец, кој е во Хаг, истакнува дека портпаролите на Трибуналот не знаат дека Праљак починал и дека таа информација ја дознале од него.

Судењето претпладне беше прекинато откако Слободан Прљак испи отров по изрекувањето на пресудата.

Прљак беше осуден на 20 години затвор, по што стана и рече дека ја отфрла пресудата и „испи нешто од мала чаша”.

Неговата бранителка рече дека тој „испил отров“, и неколку моменти подоцна биле спуштени завеси и директниот пренос од судницата бил прекинат.

Прлајк, кој беше шеф на Главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО) за време на воените судири на просторите на поранешна Југославија, беше изваден од судницата, а офицерот за безбедност побара „никој да не ја допира чашата“ и повикан медицински тим.

„Слободан Праљак не е воен злосторник, но со презир ја отфрлам вашата пресуда“, рече Праљак.

Хашкиот трибунал ја завршува својата работа у функционирање со изрекувањето на оваа пресуда за  шест Хрвати во Хаг.