Полицијата во главниот германски град објави дека во петочната ноќ запрела две улични трки и при тоа, уапсила возачи и запленила четири скапи автомобили: ламборџини, јагуар, ауди и мерцедес.



Во соопштението се наведува дека двајца возачи со голема брзина на автомобилите се движеле по Берлинскиот булевар Курфирстендам кога се исклучувале од патот, влегувале во автобуската лента и ги загрозувале останатите учесници во сообраќајот, пред да бидат застанати. Тоа била првата, а втората трка се случила подоцна, се одвивала на идентичен начин и била прекината во саботното утро.

Сите четири автомобили се задржани, а во полицијата подготвуваат обвиненија. Првично и во најмала рака, возачите можат да очекуваат да бидат казнети за брзо возење.