„На земја се достоинството и гордоста на Албанецот во * Македонија, кое беше освоено со оружената војна. Нивното застапување низ институциите е со несоодветни луѓе, но снабдени со партиски книшки. Јавна тајна е дека се продаваат работни места. Има многу млади, кои им платиле големи суми пари на ‘ослободителите’ од УЧК за работните места. Албанските функционери станаа синоним за корупција, неморал и уништување на секоја човечка и морална норма и сето тоа под грижа и со поддршка на ‘големиот брат’ и врховниот ‘кумандант’ од ДУИ. За да се запре сево ова, го повикувам секој граѓанин на оваа земја кој ги сака животот, слободата и благосостојбата, а не тиранијата и суровоста, секој граѓанин што ја сака својата татковина и да живее и да умре тој и неговите деца во неа, го повикувам да ги казни со својот глас ‘командантот’ на несреќите на Албанците и неговите соработници.“ – вели аналитичарот Агон Укшини во својата колумна со наслов „Кумандантот“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Во колумната Укшини пишува: Славната војна на УЧК донесе големи промени во * Македонија, меѓу кои е издигнувањето на достоинството и гордоста на Албанецот како рамноправен граѓанин во оваа земја, а не како граѓанин од втор, или трет ранг. Заслугата за ова ја презеде „големиот брат“, односно врховниот „кумандант“. Постојано слушаме за претставувањето на Албанците, за официјализирањето на албанскиот јазик, за враотувањето илјадници Албанци, за преземањето неколку позиции клучни во државата и за многу други работи. Заслужна е ДУИ и за ова на чело со „кумандантот“.
Но чудно е што никој не зборува за тоа како ги изгубивме вредностите и достоинството, кои ги освоивме со оружената војна. Достоинството на Албанецот е на земја. Застапувањето на Албанците низ институциите е со несоодветни луѓе, но снабдени со партиски книшки. Јавна тајна е дека се продаваат работни места. Има многу млади, кои им платиле големи суми пари на „ослободителите“ од УЧК за работните места. Здравството и условите во болниците во албанските региони се во мизерни услови. Албанските училишта не ги исполнуваат ниту основните училишта и постојано се ветува нивно реновирање.
Албанските функционери станаа синоним за корупција, неморал и уништување на секоја човечка и морална норма и сето тоа под грижа и со поддршка на „кумандантот“. Денес младите не си заминуваат само од финансиски причини и за поголема плата. Тие заминуваат и за подобар живот, кој вклучува функционална држава, гарантирано здравство, квалитетно образование за нивните деца и сл.
За да се постигне сето ова, го повикувам секој граѓанин на оваа земја кој го сака животот, кој ја сака слободата, а не тиранијата, благосостојбата, а не суровоста, кој ја сака својата земја и што сака да живее и да умре тој и неговите деца во татковината, го поканувам да ги казни со својот глас „командантот“ на несреќите на Албанците и неговите соработници.





