Сликата на познатиот руски сликар Иван Ајвазовски, украдена во Русија кон крајот на 70. години од минатиот век беше повлечена од аукција во Швајцарија, објави руското Министерство за внатрешни работи.
„Добивме информација дека сликата на Иван Ајвазовски „Реален поглед“ е ставена на аукција во Домот на Колер во Швајцарија“ беше објавено во соопштението.
Сликата била украдена од Музејот Димитров во областа Москва во 1976 година.

Во соработка со швајцарските власти и Интерпол, Русија обезбеди сликата да биде повлечена од аукцијата, а вредноста на делото се проценува на повеќе од еден милион долари. Министерството соопшти дека веќе се преземени мерки за враќање на сликата во Русија.
Сликата го прикажува поморскиот пејзаж во Рералу, денешен Талин.





