Возач на „шкода“ удрил во малолетник на паркинг простор во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото, информираше Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен вчера околу 10 часот во СВР Скопје.
„Во несреќата, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, се вели во полицискиот билтен.






