Увид на Мицкоски во патот Катланово-Градманци, долг 2,4 километри, кој се гради со 12,2 милиони денари од унгарскиот кредит

Денес околу пладнето претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на патот Катланово-Градманци во Општина Петровец. За овој пат во должина од 2 километри и 400 метри се обезбедени 12,2 милиони денари од Владата преку унгарскиот кредит.

Започната е втората и завршна фаза на доизградбата на детската градинка за згрижување 70 дечиња. Владата на Република Македонија обезбеди околу 9,5 милиони денари од унгарскиот кредит.

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.