Романтичната комедија „Pretty women“ која ги направи Џулија Робертс и Ричард Гир мега ѕвезди ќе доживее мјузикл форма и ќе започне да се прикажува на Бродвеј откако првите претстави ќе се одржат во Чикаго, пишува BBC.



За музиката е задолжен канадски рокер Брајан Адамс, директор е Џери Мичел, главната женска улога и е доверена на актерката и пејачка Саманта Баркс, а покрај неа ќе биде и Стив Кази, американски актер и пејач.

Саманта стана позната по настапот во талент шоуто на BBC. Потоа почна да глуми во театар, каде што беше забележана во улогата на Eпонине во мјузиклот „Клетници“.

Продуцентот Пол Вагнер за BBC изјави дека во мјузиклот ќе преовладува хумор и топлина што можеше да се почувствува и во филмот.

„Успеавме да ангажираме двајца талентирани, харизматични актери кои ќе ги играат Вивијан и Едвард“, изјави продуцентот.

Гери Маршал, кој го режираше филмски хит со Џулија Робертс и Ричард Гир во главните улоги, работеше на сценариото за музичката драма се до неговата смрт во 2016 година.