Некои ја паметат од култната серија „Твин Пикс“, а некои од  „Луѓето во црно“. Потоа ја гледавме како адвокатка во серијата „Практикантка“, но Лара Флин Бојл, која во 80-тите беше една од најубавите жени на светот, повеќе не изгледа како некогаш. Поради стравот од стареење и премногу естетски активности, актерката се променила до степен на непрепознатливост.



Актерката беше снимена на прошетка со Беверли Хилс во несреќно издание. Поранешната убавица изгледаше искривена со очигледно потечено лице што се обидела да го сокрие со очила. Таа изгледа најмалку 20 години постара поради својата опседнатост од естетски операции.

Лара Флин Бојл е една од серијата убавиници кои, благодарение на залудна трка со годините и тенденциите за совршенство, изгледаат поинаку од тоа што го посакувале.