Разбиена албанска криминална организација во Шпанија (ВИДЕО)

Шпанската полиција уапси 17 членови на албанска криминална организација,  филијала на балканскиот картел кој оперирал од провинцијата Валенсија, управувајќи со големи пратки кокаин што ги дистрибуира низ медитеранскиот брег.



Станува збор за една од најактивните криминални организации за шверц на дрога од албанско потекло, во која се запленети повеќе од 820 килограми кокаин, а во три различни фази се уапсени 17 лица, меѓу кои и водачот на групата“, пишуваат тамошните медиуми.

Како што наведоа, во осум претреси, меѓудругото, се одземени 226.500 евра во готовина, три ГПС уреди за откривање електронски уреди, 13 возила (пет со двојно дно, инаку скривалишта за транспорт на дрога) и два инхибитори.

„Истрагата започна на почетокот на 2023 година откако се дозна за постоењето на криминална организација која, предводена од албански државјани кои живеат во Валенсија, била посветена на големиот шверц на кокаин и перење пари.