Уапсени три лица кои краделе струја

Уапсени се три лица кои на различни локации неовластено преземале електрична енергија.



Приведени се Р.Д.(20) и Х.В.(35), двајцата од Кавадарци, како и Ж.З.(56) од Гостивар.

7

Тие се сомничат дека сториле кривично дело „нелегално поврзување во електрична мрежа и кражба на електрична енергија“.

– Тројцата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок, објави МВР.