Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полицијата во Белград уапсила швајцарски државјанин кој на аголот од улицата „Таковска“ и плоштадот „Никола Пашиќ“ го истакнал симболот на Голема Албанија – двоглав орел, а трага по друго лице кое го фотографирало.



  • „Полицијата во Белград го уапси лицето Б.Ц. (1992), државјанин на Швајцарија, кој на аголот од улицата ‘Таковска’ и плоштадот ‘Никола Пашиќ’ го покажувал симболот на Голема Албанија – двоглав орел, а друго лице кое сликало се оддалечило од местото на настанот. И тоа второ лице е идентификувано и станува збор за Г.В. (1991), државјанин на Швајцарија, и по него се трага. Следува натамошна работа на овој случај“, изјави Дачиќ.