Уапсен општински функционер кој примал бележани пари во општината каде се случува урбанистичка катастрофа

Реализиран случај на примање поткуп кој го спровеле полициски службеници уапсен општински функционер кој примал бележани пари во општината Маврово – Ростуше каде со години се случува урбанистичка катастрофа.



На ден 19.03.2025 година одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) реализирал случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше.

Според информациите од МВР поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети.

Неофицијално локацијата за градба требало да биде на територија на Националниот парк Маврово.

Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати.

Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше кој барал мито е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во угостителски објект во Скопје.

Парите што ги примил откако претходно криминалистичко технички обработени односно биле обележани.