Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа во МВР против кого е распишана меѓународна потерница, е уапсен вчера во Загреб, објави Клан ТВ.



Од Министерството за правда засега нема официјална потврда за објавената вест.

Грујевски и Никола Бошковски се обвинети во судскиот процес „Таргет-Тврдина“, поврзан со нелегалното масовно прислушување.

Горан Грујевски е во бегство од 26 јули 2017 година кога требаше да оди во притвор, но полицијата не го најде дома.

Познато е дека тој избега во Грција, од каде не беше екстрадиран, туку доби и работа на грчки остров.