Уапсен висок руски генерал осомничен за примање голем поткуп

Голем корупциски скандал го тресе руското Министерство за одбрана, во екот на новата руска офанзива во Украина. Кремљ соопшти дека е покрената кривична постапка против висок генерал во руското Министерство за одбрана. Во соопштението за печатот од Истражниот комитет на Русија се наведува дека е отворен случај против Јуриј Кузњецов, кој бил задолжен за кадровски прашања во министерството.



Комисијата соопшти дека тој е осомничен за „примање поткуп од особено големи размери“.

Според истрагата, Кузњецов во 2021-2023 г. примал поткуп од претставници на комерцијални објекти за извршување на одредени дејствија во нивна корист. Најмалку 5 лица се уапсени во се поширокиот скандал со поткуп, чиј центар е Министерството за одбрана.