Откако полицијата во САД отвори истрага за подметнување пожар едно лице е уапсено во врска со пожарот што избувна вчера, јавува Њујорк Пост.
Првичните информации говорат дека осомничениот наводно е бездомник.
Претставници на полицискиот оддел во Лос Анџелес го потврдија апсењето. Детали за идентитетот на мажот или можните мотиви не се објавени.

Според Канцеларијата за шумарство и заштита од пожари, тоа е област во Западните Хилс и Хиден Хилс помеѓу Лос Анџелес и Вентура. Таму пламените јазици брзо се проширија на површина од околу 800 хектари, изјави шефицата на противпожарната служба во Лос Анџелес, Кристин Кроули.
„Околу 20 до 30 минути подоцна, граѓанин го уапси осомничениот во областа Вудленд Хилс“, изјави Чарлс Динсел за NewsNation, додавајќи дека сè уште не е јасно како точно настанал пожарот.
„Факт е – пожарот се истражува како кривично дело“, продолжи Динсел.





