Турчинка ги бара македонските корени во Костурско, Егејска Македонија

Сиреја Ајтеш, горда на својот турски ентитет, сака да ја дознае историјата на нејзините претци кои кои биле по потекло од северот на Грција.



По тригодишната војна, Грција и Турција ја потпишаа Конвенцијата за размената на турски и грчки популации со договорот од Лозана, Швајцарија, инаку прв меѓународно ратификуван чин на религиозно чистење на светот.

Од селото Жервени, Костурско, нејзините баба и дедо, биле протeрани пред еден век во големата размена на население согласно договорот oд 1923-та година потпишан во Лозана, Швајцарија, и упатени во Мустафапаша, камено село во Анадоллија со празни куќи на насилно протераните христијани, пишува во англиското издание на турскиот весник „Сабах“.

За Сабах, Ајтеш ја открива вистината за тоа колку реални биле приказните за размената меѓу муслимснсо и христијанско население пред еден век со „амин“ на Меѓунaродната заедница, кога нејзините претци од Егејска Македонија, биле фрлени во Мустафапаша, камено село со празни куќи на насилно протераните христијани.

„Тие зборуваа за плодни ниви, шуми, за плодни полиња…“, вели нивната наследничка Ајтеш.

На Ајтеш не и пречи ни каменото село во Турција ни ненадејната „криза на идентитетот“  всушност дека е муслиманка од Македонија чии претци комуницирале на словенски дијалект близок со македонскиот јазик и празнувале верски празници различни од соседите во новиот дом во Мустафапаша, Андолија.

(продолжува)