Турчинка во потрага по македонските корени (2)

Првиот дел од приказната за младата Турчинка беше објавен вчера.



До 1924 година, околу 1.5 милиони православни христијани од Анадолијата и 356.000 балкански и критски муслимани биле протерани од своите татковини и преселени на спротивната страна на Егејот, согласно договорот од Лозана (1923) кој е прв меѓународен акт со кој се легализира религиско чистење.

Размената на население довеле до децении страдање, сиромаштија, болести и, во многу случаи, смрт. За потомците на оние кои беа насилно преселени, тоа создаде историски прекин и конфузијна во идентитетот.

Бабите и дедовците на Сиреја Ајташ и родителите на нејзината братучетка Лејла Каплан биле принудени да го напуштат Жервени, планинско село во грчкиот регион Костур со претежно муслиманско население, и да се преселат во полу-ридското село на Кападокианското плато во Мусафапаша, во летото 1923 година.

Ајташ, слушала приказни за Жервени. Дека полињата со пченица биле многу плодни и дека планини биле покриени со високи дрвја и лековити билки и дека…

Мислела дека тоа е само иделизирана приказна на нејзината баба.

Сиреја Ајташ(50) не е универзитетски професор. Таа е горда Турчинка, професор по општествени студии и самоук трагач по вистината за нејзините корени од селото Жервени, Костурско, таму некаде на северот од Грција.

Како дете слушала за далечното село од кое биле „откорнати“ и преселени во каменитото село во Анадолија.

Приказната што најмногу влијаела врз неа, вели таа, била онаа за денот кога Македонците муслимани од Жервени тргнале на пат од кој нема враќање.

„Жените отидоа да ги посетат гробовите на нивните претци за последен пат, многу од нив паѓале врз гробовите, плачејќи. Мажите морале да ги влечат“, раскажува Сиреја во нејзината исповед во турскиот „Дејли Сабах“.

Решила да ја разоткрие вистината, да ги потврди или дефинитивно да ги отфрли сликите од нејзината меморија кои и ги вградија баба ѝ и дедо ѝ.

Оние слики, за селото Жервени од каде им биле корените и кое било опкружено со „плодни ниви, шуми, полиња…

Не и пречи ни каменото село во Турција, ни ненадејната „криза на идентитетот“, дека всушност е муслиманка од Македонија чии претци комуницирале на словенски дијалект близок со македонскиот јазик кои празнувале и верски разници различни од соседите во новиот дом во Мустафапаша, Андолија.

се јавила на братучетка ѝ, пензионираниот професор по историја на Отоманската лига, Лејла Каплан, и ја замолила да прочепка во архвите во Анкара.

Успеале да обезбедат копии од 163 документи за имотите на протераните од Жервени и имале што да видат.

(продолжува)