Најмалку шест лица загинале, а 25 се повредени кога автобус со туристи се превртел во централната турска провинција Аксарај, јавија медиуми.



Очевидци на несреќата велат дека автобусот се движел со голема брзина и дека возачот изгубил контрола над возилото пред да се преврти.

Туристичкиот автобус превезувал патници од западната провинција Баликесир до регионот Кападокија, популарна туристичка дестинација во централна Турција.

„Повредените се итно пренесени во болница. Покрената е истрага за несреќата“, рече тој.