Во крвавиот инцидент во супермаркет во Пиреја пријавено е дека еден маж го загубил животот, а друг е повреден и со возило на брза помош е пренесен во болница, јавува „Прототема“. 



Полициски службеници излегле на местото на настанот и уапсиле еден осомничен.

Причината зошто е извадено оружјето се уште е нејасна, а истрагата е во тек. Првично се мислеше дека станува збор за грабеж, со оглед на тоа дека истрелите биле испукани пред супермаркет.

Според првите информации, дошло до тепачка меѓу тројца државјани на Турција, а муштериите кои се нашле во продавницата почнале панично да бегаат. Жртвите од судирот не се идентификувани.

„Слушнавме два истрели. Видовме вработени како трчаат и викаат полиција. Клиентите трчаа во паника. Бевме преплашени, мислевме дека се работи за терористички напад“,  изјавиле очевидци.

Двајца турски државјани влегле во продавницата и се упатиле кон делот за овошје и зеленчук. Трет човек веднаш влегол зад нив и извадил пиштол и почнал да пука.