Тројца граѓани се примени во Ургентниот центар во Скопје по сообраќајката која беше предивикана по тепачката во автобусот 50 на ЈСП. Поради губење на контрола, кога еден навивач го оттргнал воланот од возачот автобусот удрил во приватна 20 која била во непосредна близина.
Автобусот со број 20 потоа бил каменуван, а малку потоа започнал и конфликт на навивачите на Вардар со приврзаници на Шкупи кои биле „подготвени“ и очекувале пресметка.



Резултат од конфликот во кој биле користени тврди предмети и пред се, камења, се тројца повредени кои биле префрлени во болница. Полицијата која брзо пристигнала на местото на настанот и ги растерала завоjуваните страни уапсила барем еден навивач и учесник во инцидентот.