Некој може да купи преку ноќ, но некој може само да го сонува. Купувањето на првиот стан во Македонија, конкретно во Скопје, претставува значителен предизвик, особено за младите кои немаат финансиска поддршка од семејството, а такви ги се повеќе. Годиниве наназад, цените на становите бележат раст, додека просечните приходи остануваат релативно ниски, создавајќи финансиска бариера за многумина.
Во 2023 година, просечната цена на станбен метар квадратен во Скопје изнесуваше 1.700 евра, додека во одредени општини сега, како течат работите, достигна повисоки цени:
- Центар: 3.000 евра
- Карпош: 2.000 евра
- Аеродром: 2.000 евра
Иако трошоците за градење на компаниите се намалиле за 9 проценти за една година, сепак цената на становите пораснала за 10,6 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

- Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори. Во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2023 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се намалени за 9 %, трошоците за материјали за 8,6 %, а трошоците за вработените за 9,8 %, се наведува во извештајот на Статистика.
На цената на становите влијаат повеќе елементи: квалитетот на градбата, локацијата, инфраструктурата и поволниот деловен амбиент. Галопирачки раст на цената се случи пред три години, кога таа порасна над 20 отсто. Скопје и Охрид и натаму остануваат градови каде што цените на новоизградените станови и натаму уриваат рекорди. Така, добар дел од новоградбите се продаваат и по цена од над 3.000 евра за квадратен метар.

- Трошоците за нови објекти за индивидуално домување се намалени за 9,0 %.
- Трошоците за материјали се намалени за 8,6 %.
- Трошоците за вработените се намалени за 9,8 %.
Во споредба со претходниот квартал (четвртиот квартал од 2024 година), податоците покажуваат дека:
- Трошоците за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за 0,7 %.
- Трошоците за материјали се намалени за 0,3 %.
- Трошоците за вработените се зголемени за 3,0 %.

Во последниот квартал минатата година трошоците за изградба на нови објекти во градежништвото за индивидувално домување се зголемиле за 0,7% во однос на претходно тримесечие, соопшти Државниот завод за статистика. Оттаму додаваат дека трошоците за материјали се намалиле за 0,3% додека трошоците за вработените скокнале за 3%.
Во споредба со истиот период претходната година трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се намалени за 9 проценти, трошоците за материјали за 8,6 проценти, а трошоците за вработените за 9,8 проценти. Сепак, цените на станбените објекти бележат зголемување.
Државата сега, преку изградба на станови, ќе се обиде да му стане конкуренција на градежниот бизнис и да намали дел од цената, која, според сите, е нереална. Лани во јули беа продадени сите станови во зградата на Јужен булевар во Скопје, која ја градеше Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.





