Седечкиот начин на живот е една од најлошите работи кои можете да ги направите за вашето тело. Но, таква ви е работата и не можете против тоа. Затоа, вежбајте додека седите!



Кога целото работно време го поминувате во седење вие трошите многу малку масти, а со тоа се зголемувате ризикот за појава на висок крвен притисок и лош холестерол.

Дури и по напорниот ден да пронајдете време за вежби и релаксација, фактот дека долго време седите пред компјутер не ја менува многу ситуацијата.

Затоа станувајте често и направете кратки прошетки низ ходниците. Идеално би било да станувате на секој час малку да се раздвижите, и да направите неколку малку вежби.

Еве неколку сугестии:

-Силно стегнете ги и згрчете ги мускулите на стомакот, задржете ги така неколку секунди, потоа опуштете се и повторете ја вежбата десет пати.

-Испружете ги нозете сè додека не постигнете паралела со подот и затегнувајте ги мускулите. Оставете ги нозете така затегнати неколку секунди, потоа полека вратете ги на подот и повторно направете ја истата вежба.

-Мрдајте со рацете, истегнете го вратот, отворете ги и затворете ги дланките, затегнете ги рамената за да ги споите лопатките.