Тричковски прв се воодушеви: Заев си обезбеди место во историјата

Изјавата на премиерот Зоран Заев дека е подготвен за географска одредница пред името Македонија, прв побрза да ја пофали и да и се воодушеви новинарот од постарата генерација Бранко Тричковски, кој веќе е убеден дека премиерот си обезбедил место во историјата.



-Без особено возбудување помина капиталната изјава на премиерот Заев: Подготвени сме за решение со географска одредница!
Заедно со промената на имињата на аеродромот и автопатот, тоа може да значи дека нацијата е папсана и дека не е повеќе во состојба да пружа отпор, но дури и да е така, ставот го лансира премиерот во галеријата на крупните фигури во скромната историја на Република Македонија – напиша Тричковски.