Три партии бараат гласање за недоверба на бугарската влада

 

Пратеничките групи на партиите „Вазраждане“, „Величие“ и МЕЧ го доставија првото барање за гласање недоверба на кабинетот на Росен Желјазков до секретаријатот на Народното собрание.



Изгласувањето недоверба е поради неуспех во надворешната политика на владата.

Трите парламентарни партии собраа 54 потписи – повеќе од потребните 48.

За да биде прифатено гласањето за недоверба, мора да гласаат повеќе од половина од сите 240 пратеници во бугарското Народно собрание.

„Гласањето, чисто математички, не може да помине“, изјави за новинарите лидерот на „Вазраждане“ Костадин Костадинов.

„Но, само затоа што не може да помине, не значи дека не треба да ги изнесеме нашите причини и да ги презентираме нашите аргументи“, објасни тој и додаде дека гласањето недоверба е најсилната алатка на опозицијата и ова ќе биде само прво такво барање.

Доколку предлогот за недоверба биде одбиен предлогот да се гласа за недоверба на Владата не може да се поднесе нова иницијатива за недоверба по истиот основ во следните 6 месеци.