Во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила пред Охрид и во која учествувало обезбедувањето на собранискиот Претседател Африм Гаши повредени се најмалку три лица.
Информацијата ја потврди и МВР.
Повредените веднаш биле префрлени во охридската болница Св. Еразмо. Станува збор за претходницата на Претседателот на Собранието.
Собранискиот спикер не е повреден и во моментот на несреќата воопшто не бил во сообраќај.
Според неофицијалните информации, сообраќајката била страшна но обезбедувањето поминало со полесни повреди и во моментов никој не е во животна опасност (press24)






