Стопанската комора на трговци на големо и мало бара итна средба со премиерот и министерот за економија и труд, за да се разгледаат последиците од вчерашните одлуки на владата за скалесто намалување на маржите и ограничување на цените на ниво од 1 февруари за некои од прехранбените производи.
Трговците тврдат дека ваквите одлуки на владата го загрозува опстанокот на трговските претпријатија и предлагаат владата да ги земе предвид нивните предлози кои се аргументирани и се во согласност со Уставот и законите на државата пред да одлучи за мерките.
Комората забележува дека иако Владата најави дека мерката ќе опфати 1000 производи но реално се работи за многу поширока листа од 3000-4000 производи, вклучувајќи ги сите видови млеко со различни маслености, како и производи како што се детергенти и сапуни.
Според Комората нелогично е тоа што од една страна, се наведува дека основните производи се маржираат од 20-25%, што е причината за ограничувањето на маржата на 5%, но од друга страна се тврди дека нема да има значително намалување на цените.
Трговците тврдат дека мерката на владата не ги заштитува социјално загрозените граѓани, туку најголемата финансиска корист ќе имаат потрошувачите со повисоки приходи.






