Директорка на Институтот за комуникациски студии,Жанета Трајкоска со изненадување ја прми веста дека досегашниот прв вице премиер Артан Груби ѝ бил колега и дека се враќа како професор по новинарсто на катедрата во Тетовскиот универзитет.
„И со новинарството и професорувањето се претера“, објави Трајкоска на Фејсбук.
„Артан Груби се враќа на професорското место по новинарство на Тетовскиот универзитет, кое му било во мирување.”
Како сте? Па јас сериозно не знаев дека сме колеги 🤣🤢🫢
Кога следен пат ќе ве прашаат за состојбата со новинарството и медиумските слободи, сетете се само на оваа реченица и на хајката кон Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми организирана од членовите на ДУИ под палка на “професорот” Груби“, реагира Трајкоска.






