Жанета Трајкоска од Институтот за комуникациски студии вели дека е сосема очекувана реакцијата на Грците за нивниот став дека ќе ги ратификуваат 3-те меморандуми кога ќе виделе дали новата влада во Македонија го користи името „Северна“ . Таа се огласи за ова на социјалните мрежи:
Па претходната влада од уста не ја извади Северна, што не ги ратификуваа до сега, последниве 3-4 години…на пример?! Абе еден знак на граница да стават со Северна, наместо Скопиа….Таа посочи дека е сосема очекувана реакцијата на грците, но се чуди зошто нашите политичари се вознемирени од некорисењето на Северна па дури се загрижени за нивните реакции.
– Туку, ај за Грците е очекувано, па и прифатливо, туку овие нашиве што сега коси кубат за некористењето на Северна и длабоко се вознемирени оти Грците се вознемириле, е нив не ги разбирам.
Еве, ќе ги разберам кога ќе ги прашаат грчките политичари зошто до сега не се ратификувани т.н. протоколи во времето на Заев и компанија и дали некаде во Грција е напишано уставното ново име на МК и како ни се обраќаат нам, на Македонците.
Кога се правиш на сила будалетинка…
Аман од поробен ум, – напиша Трајкоска.






