Трамп Џуниор со порака до Зеленски: Уште 38 дена и толку од џепарлакот

Доналд Трамп Џуниор дополнително го засили предизборното ветување на неговиот татко дека ќе го намали американското финансирање за воените напори на Украина против Русија.



Најстариот син на новоизбраниот претседател на САД сподели на Инстаграм видео кое претходно го објави републиканскиот потпретседателски кандидат Сара Пејлин, со коментар:

„ПОВ [гледна точка]: Имате уште 38 дена да го изгубите џепарлакот“.