Трамп ќе префрли 35.000 војници од Германија во Унгарија

 

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да повлече дел од американските војници од Германија и да ги прераспореди во Источна Европа, објави Телеграф.



„Трамп размислува за повлекување на околу 35.000 војници од Германија, што дополнително ќе ги влоши односите меѓу САД и Европа“, пишува изданието, потсетувајќи дека американскиот лидер постојано предупредувал дека Европа треба да посвети поголемо внимание на сопствените одбранбени способности.

Во исто време, весникот забележува дека Трамп размислува за прераспоредување на војници од Германија во Унгарија, како и во земјите кои го исполнуваат неговото барање да потрошат најмалку 2 отсто од БДП за одбрана.

„Иако не се очекуваат конкретни најави, американската војска секогаш размислува за прераспоредување на војници ширум светот за најдобро да одговори на актуелните закани за нашите интереси“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Брајан Хјуз.