Американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на „Твитер“ ја нарече својата противкандидатка на изборите во САД, Хилари Клинтон, најголем лузер во историјата!
„Кривата Хилари Клинтон е најлошиот (и најголем) губитник на сите времиња. Таа, едноставно, не може да запре, што е толку добро за Републиканската партија. Хилари, продолжи си со твојот живот и обиди се уште еднаш по три години“, твитна претседателот на САД.
На ова Хилари одговори дека Трамп е опседнат со неа.
„Мојот поранешен противник е опседнат со моите јавни настапи. Некој ми рече дека имало уште еден твит денеска. Искрено, меѓу твитањето и играњето голф, како сработува нешто? Не разбирам. Можеби во тоа и е поентата“, изјави таа во присуство на својот сопруг Бил Клинтон на свеченоста за 25-годишнината од неговата победа на изборите во Литл Рок, Арканзас.





