Трамп сака да го купи Гренланд!?

 

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ги обнови неуспешните повици што ги упати за време на неговиот прв мандат за САД да го купат Гренланд од Данска.



Вчра при именување на неговиот амбасадор во Данска, Трамп напиша дека „За целите на националната безбедност и слободата низ целиот свет, Соединетите Американски Држави чувствуваат дека сопственоста и контролата на Гренланд се апсолутна неопходност“.

Ова доаѓа неколку дена по изјавата дека САД би можеле повторно да ја преземат контролата врз Панамскиот канал доколку не се направи нешто за да се олеснат зголемените трошоци за испорака потребни за користење на воден пат што ги поврзува Атлантскиот и Тихиот океан.

Тој, претходно, сугерираше Канада да стане 51-та американска држава..

Гренланд, автономна земја во рамките на Кралството Данска е најголемиот остров во светот, се наоѓа помеѓу Атлантскиот и Арктичкиот океан. 80% е покриен со ледена покривка и е дом на голема американска воена база.

Островот, чиј главен град Нук е поблиску до Њујорк отколку до Копенхаген, има големи резерви на минерали, нафта и на природен гас.

Поради американската база Питуфик, Гренланд е стратешки важен за американската војска и нејзиниот систем за рано предупредување за балистички ракети, имајќи предвид дека низ островот минува најкраткиот пат од Европа до Северна Америка.

САД се обидоа да го купат Гренланд од Данска неколкупати, почнувајќи од 1867 година, кога државниот секретар Вилијам Сујард преговараше за купување на Алјаска од Русија. Друг обид да се купи се случи во 1910 година, а во 1946 година американската влада ѝ понуди на Данска понуда од 100 милиони долари, која таа ја одби.

Трамп ја откажа посетата на Данска во 2019 година, откако неговата понуда за купување на Гренланд беше одбиена од Копенхаген.

Трамп најави дека може да побара Панамскиот канал да се врати на САД