Трамп по систематскиот преглед: Се’ знаев на когнитивниот тест (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера беше подложен на првиот систематски преглед на неговиот втор мандат, а Белата куќа ќе ги објави целосните резултати од тој преглед што е можно поскоро, изјави прес-секретарот Каролина Левит.



Трамп во јуни полни 79 години, а во јануари, кога го презеде претседателството на САД, стана најстариот човек што го направил тоа.

Трамп по прегледот изјави дека неговиот физички преглед поминал добро, дека имал когнитивни и срцеви тестови и дека смета дека извештајот за ова ќе биде објавен во недела, а коментирал и за пазарот на обврзници и тарифите.

„Мислам дека помина добро… секој тест што можете да го замислите, јас бев таму долго време, на годишниот преглед“, им рече Трамп на новинарите.

Трамп исто така рече дека направил когнитивен тест и ги добил сите точни одговори.

„Се чувствував како да сум во многу добра форма во целина. Добро срце, добра душа, многу добра душа и прифатив – сакав да бидам малку поинаков од Бајден.
Полагав когнитивен тест и не знам што да ви кажам освен што го имав секој точен одговор“, рече Трамп.

Тестот, познат како Монтреалско когнитивно оценување (MoCA), се користи за откривање на рани знаци на когнитивно оштетување и вклучува едноставни задачи како што се препознавање животни, цртање часовник и меморирање зборови.