Бесмислени се натамошните предизборни дебати со кандидатот за претседател на Демократската партија на САД, потпретседателката Камала Харис, бидејќи таа јавно изјави дека нема намера да менува ништо од курсот на актуелниот шеф на државата Џо Бајден, објави Доналд Трамп на неговата социјална мрежа „Truth“.



Фокс њуз му понуди на поранешниот претседател дебата со Харис на 24 или 27 октомври. Трамп истакна дека ја прифатил претходната покана на ТВ каналот за уште еден круг на 4 септември, но тогаш Харис одбила.

Трамп нагласи дека моментално води на анкетите и дека неговата предност пред Харис секојдневно се зголемува, особено во клучните држави.

Анкетите на Quinnipiac и Emerson покажуваат дека тоа е така, додека националните анкети на Њујорк Тајмс и Siena покажуваат мало водство за Харис (49% до 46% за Трамп).