Американскиот претседател Доналд Трамп за новинари изјави дека планира да разговара со Владимир Путин утре, вторник, бидејќи бара согласност од рускиот претседател за предлогот за ставање крај на инвазијата од целосни размери што ја започна Москва во февруари 2022 година, јавува Политико.
„Многу работа е завршена во текот на викендот“, рече Трамп во неделата навечер.
„Сакаме да видиме дали можеме да ја завршиме таа војна. Можеби можеме, можеби не, но мислам дека имаме многу добри шанси“.
Пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, отпатува во Москва за директно да преговара со Путин минатата недела.
Украина претходно се согласи со планот на администрацијата на Трамп за 30-дневна пауза во борбите за време на разговорите во Саудиска Арабија, под услов да го стори тоа и Москва.
Путин тврди дека го поддржува прекинот на огнот – но постави прашања за одложување и тешки услови.
Запрашан за какви видови отстапки може да се разговара во разговорот со Путин, Трамп рече:
„Ќе зборуваме за територии. Ќе зборуваме за електрани… имаме веќе многу дискутирано со двете страни, Украина и Русија.
Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во саботата зборуваа за „следните чекори“ во предлогот за прекин на огнот во Украина.






