Американските републиканци вчера ја презедоа контрола врз Претставничкиот (долниот) дом на американскиот Конгрес, откако задржаа неколку критични места во Аризона и Калифорнија и ги победија демократите во клучните области.
Републиканската партија сега има контрола врз Белата куќа, Сенатот и Претставничкиот дом, овозможувајќи им да ја спроведуваат агендата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Освоеното „тенко“ мнозинство претставува извонреден триумф и пресврт за републиканците, кои пред само една година беа загрижени дека гласачите ќе ги казнат за хаосот и дисфункционалноста што го зафати Претставничкиот дом под нивно водство, пишува Њујорк Тајмс. .
Републиканските лидери најавија дека имаат намера да ја искористат својата позиција за брзо усвојување на закони, вклучително и широк пакет даночни намалувања, олеснување на регулативите за производство на нафта и гас и построги мерки за безбедност на границите.
„Републиканците во Домот и Сенатот имаат мандат“, рече спикерот Мајк Џонсон на прес-конференција пред Капитол во вторникот „Тоа беше решавачка победа низ целата нација“.
„Ќе го подигнеме знакот America First над ова место“, додаде тој подоцна.





