Трамп и Меланија ќе одат на погребот на папата Франциско

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да присуствува на погребот на папата Франциско, кој почина утринава на 88-годишна возраст.



„Меланија и јас ќе присуствуваме на погребот на папата Франциско во Рим“, напиша Трамп на Truth Social.

Претходно вчера, американскиот претседател нареди знамињата да бидат спуштени на половина копје на сите јавни згради во САД во знак на почит на папата Франциско, кого го нарече „добар човек“ кој „напорно работеше“.

Трамп објави кратка почит на папата.

„Почивај во мир папа Фрањо! Господ нека го благослови него и сите оние кои го сакаа! напиша Трамп.