Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со украински колега Володимир Зеленски во Рим, каде што двајцата присуствуваат на погребот на папата Франциск, објави „Политико“.
Портпаролот на Зеленски, Сергеј Никифоров, не даде детали за состанокот, но Белата куќа ја опиша како „многу продуктивна дискусија“.
Средбата меѓу двајцата се одржала пред погребот на папата.
Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Ченг, изјави дека „претседателот Трамп и претседателот Зеленски се сретнале приватно денес и имале многу продуктивна дискусија“, додавајќи дека повеќе детали за состанокот ќе бидат објавени подоцна.
Двајцата претседатели се согласија повторно да се сретнат по погребот.
Oва е прва средба меѓу Зеленски и Трамп по несреќната средба на 28 февруари во Белата куќа.






