Она што Трамп го прави со царините е добро испланиран план на неговите финансиски советници.
Не е дека на Трамп му дојде само така.
Да, тој е прилично голем шоумен, но САД се многу сериозна земја.
На почетокот ќе има падови кај некои компании, точно. Но, планот на администрацијата на Трамп е јасен, за рестартирање на производството во земјата.
Затоа најмногу се погодени токму оние компании кои нудат само маркетинг на пазарот, како Најк (чие производство е во Кина или трети земји).
За неколку месеци, затворените фабрики за челик и други од 70-тите ќе почнат повторно да се отвораат.
Додека „маркетиншките“ компании ќе паѓаат, производствените компании ќе растат.
Со царини ќе биде многу поевтино да се произведува и продава дома отколку да се увезува од странство.
САД ќе поминат низ реинкарнација, шокови во економијата, но по неколку години сето тоа ќе се стабилизира и земјата повторно ќе се врати на производствена економија.
Исто како Кина и Русија, исто како новиот светски поредок. Во САД, јасно е дека за да се стабилизира надворешниот долг, мора да се врати производството, а за тоа мора да се направат големи чекори како овој.
Јас лично го гледам ова голем плус за САД.
Анализа на Мегатрон






