Трамп: „Зеленски не е ангел“

Откако ѝ се закани на Русија со строги санкции доколку не се согласи на брз договор за завршување на војната во Украина, Доналд Трамп рече дека украинскиот претседател Зеленски е подготвен за договор, но „не требало да ја дозволи оваа војна“.



Во интервју за Fox news тој вели:

„Ќе го кажам ова за Зеленски: тој сака да има договор сега, веќе му е доста. Но, тоа требаше да го спречи од почеток.

Тој не е ангел, но не требаше да ја дозволи оваа војна. Прво, тој се бори со многу посилен противник. Дали разбравте? Многу посилен.

Тие беа храбри, но ние им дадовме милијарди долари. САД потрошија 200 милијарди долари повеќе од Европа. Зошто потрошивме повеќе? Дали знаете зошто? Затоа што Бајден ниту еднаш не побара од Европа да троши повеќе. Тоа стана прокси војна меѓу САД и Русија поради Џо.

Видете, Зеленски не мораше да се бори со многу посилен противник“ .

Можевме да направиме договор, но тоа ќе беше шуплив договор бидејќи Зеленски одлучи дека сака да војува. Русија има 30.000 тенкови, а Зеленски немаше практично ништо. И отиде да се бори“.

Според Трамп, Русија, исто така, „мора да побара да се направи договор“ за да се стави крај на војната во Украина, нагласува американскиот претседател. „Судејќи според она што го слушам, Путин сака да се сретне со мене. Ќе се сретнеме кога ќе можеме. Би се сретнал веднаш со него. Секој ден што не сме се сретнале, војниците умираат на бојното поле“, истакна Трамп.