Висок соработник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Ден Скавино Јуниор, изјави дека Трамп го преживеал атентатот затоа што ја придвижил главата кога покажувал кон големиот екран на стадионот кога бил испукан истрелот.
Трамп се спасил за 3 цантиметри, куршумот го погодил во уво
По обидот за убиство на предизборниот митинг одржан минатиот викенд во Пенсилванија, Трамп го даде и првото интервју:
За Вашингтон Егзаминер изјави дека и порај инцидентот во кој беше полесно повреден, ја продолува претседателската кампања, но дека целосно го променил текстот на говорот што ќе го одржи на Републиканската национална конвенција, која почнува денеска во Милвоки.
Трамп изјави дека во таа нова верзија на говорот, во кој ја прифаќа партиската номинација за Белата куќа, ќе ги повика поддржувачите да вложат нови напори за постигнување национално единство.
Тој рече дека сака да го искористи овој историски момент за обединување на државата.
„ Говорот што планирав да го одржам во четврток (на Републиканската национална конвенција) требаше да биде пријатен. Да не се случеше ова (атентат), тоа ќе беше еден од моите најневеројатни говори – рече Трамп.
Тој објасни дека оригиналната верзија на говорот главно била насочена против политиката на демократскиот претседател Џо Бајден.
Трамп во интервјуто изјави дека по атентатот го повикале луѓе од различни сфери на животот и различни политички позиции од цела Америка.
Претседателскиот кадидат откри и што му го спасило животот во критичниот момент.
Трамп вели дека бил спасен од смртта вртејќи ѝ грб на толпата поддржувачи на митингот за да ги види податоците што ги користел за време на говорот на големиот екран.
„Дури сега сè се среди. Ретко и вртам грб на толпата. Да не го направев тоа во тој момент, па, немаше ни да разговараме денес, нели? – рече Трамп.






