Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека би сакал Русија да се врати во Г7 и дека е грешка да се исфрли Москва од групата.
Русија беше членка на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7), тогаш позната како Г8, сè додека не беше исклучена по анексијата на украинскиот полуостров Крим во 2014 година.
Засега нема реакција
„Посакувам да се вратат. Мислам дека беше грешка што ги исфрливме. Видете, не е прашање дали ви се допаѓа Русија или не. Тоа беше Г8“, рече Трамп во Белата куќа.
Тој зборуваше за печатот објавувајќи план за нови реципрочни тарифи. „Мислам дека Путин би сакал да се врати“, рече Трамп. Засега нема реакција на коментарите на Трамп од Канада, која претседава со групата Г7 оваа година.






