Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за новинарите дека неговата администрација ќе воведе царини од 25 отсто на увозот од Мексико и Канада, јави АП.
Соопштението дојде само неколку дена откако Белата куќа сугерираше дека се разгледуваат нови трговски ограничувања. Тарифите ќе стапат на сила од 1 февруари.
Претседателот, исто така, рече дека ќе донесе одлука за царини за увоз на нафта од Мексико и Канада.
И Мексико и Канада најавија одмазднички мерки доколку САД воведат такви царини.
Сепак, мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум оваа недела откри дека не верува дека САД ќе воведат царини за нејзината земја.






