Трамп: „Ве молам не го прекршувајте примирјето“

 

Американскиот претседател Доналд Трамп, нешто по 07 часот по средноевропско време објави дека прекинот на огнот меѓу Израел и Иран официјално стапил на сила.



„Прекинот на огнот сега е на сила. ВЕ МОЛАМ НЕ ГО КРШИТЕ! ДОНАЛД Џ. ТРАМП, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп околу полноќ по средноевропско време објави дека е постигнат прекин на огнот, кој наскоро ќе стапи на сила и дека војната ќе заврши.

Реагираше иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, кој изјави дека „во оваа фаза нема договор за прекин на огнот“ и дека иранските вооружени сили „ќе продолжат да се борат до последен момент“.

Сепак, тој рече дека Иран е подготвен за прекин на огнот ако Израел „ја запре својата нелегална агресија против иранскиот народ најдоцна до 4:00 часот наутро по техеранско време“.

Иран утрово истрела ракети кон Израел при што загинаа 4 лица.

Кратко пред 7 часот утрово по средноевропско време, иранската државна телевизија објави дека прекинот на огнот стапил на сила.