Трамп: „Би сакал да бидам папа“ (ВИДЕО)

 

Запрашан од новинари кој според него би требало да биде новиот папа, американскиот претседател Доналд Трамп шеговито одгвори:



„Би сакал да бидам папа. Тоа би бил мојот прв избор.“

На средба со новинарте пред да замине на митинг во Мичиген каде треба да ги одбележи првите 100 дена власт, Трамп рече дека лично  тој нема фаворит, пренесе ПОлитико.

Тој сепак посочи на Тимоти Долан, надбискупот на Њујорк, кој според него би можел да биде добар избор.

Трамп посакува идниот папа да е – Американец

„Не знам. Немам фаворит. Но, морам да кажам дека имаме кардинал од место наречено Њујорк кој е многу добар, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави тој.

Конклавата за избор на нов папа и поглавар на Католичката црква, која брои 1,4 милијарди членови, ќе започне на 7 мај, потврди вчера портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.