Доналд Трамп го предизвика актуелниот американски претседател да направи когнитивен тест, но во следната реченица го згреши името на сопствениот доктор. Трамп, рпубликанскиот претседателски кандидат редовно го критикува Бајден за неговите различни гафови.



Говорејќи во Детроит, Трамп ја доведе во прашање менталната способност на претседателот Бајден.

„Тој дури и не знае што значи зборот „инфлација“. Мислам дека треба да направи когнитивен тест како што направив јас“, рекол Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.

Неколку секунди подоцна, тој продолжи: „Дали сите го познаваат Рони Џонсон, конгресменот од Тексас? Тој беше доктор во Белата куќа и рече дека сум најздравиот претседател во историјата, па веднаш ми се допадна“.

Сепак, Трамп очигледно мислеше на Рони Џексон, кој беше лекар во Белата куќа за време на неговиот претседателски мандат. Џексон беше избран во Конгресот во 2021 година и е еден од најгласните бранители на Трамп на Капитол Хил.