Трамп бара повеќе вода во тушевите за да може да си ја мие косата

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша нова извршна наредба со која го задолжи секретарот за енергетика Крис Рајт да ги укине правилата од ерата на Барак Обама и Џо Бајден кои ја ограничуваат силата на млазниците за туширање на 9,5 литри во минута.



Тој истакна, како и многупати досега, дека овие ограничувања го отежнуваат одржувањето на неговата позната фризура.

„Сакам убаво да се туширам за да можам да ја уредам мојата совршена коса“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

“Морам да стојам под туш 15 минути за да се намокрам. Водата само капе. Тоа е лудост. Се мијам со шампон, а водата капе како да е расипана славина”, рекол Трамп.

Во придружниот документ на Белата куќа, регулативата е претставена како чекор кон намалување на прекумерната бирократија која, како што тврдат тие, „ја задушува американската економија, ги штити бескорисните прописи и ги ограничува личните слободи“.

Со години, Трамп водеше војна против регулативите за заштеда на вода, особено кога станува збор за уредите во бањеите.

Во далечната 1992 година, Конгресот на САД донесе закон со кој се ограничува максималната количина на вода што може да се испушти од туш на 9,5 литри во минута.

Овој стандард беше воведен за да се поттикне заштедата на вода и енергија.